Словенечките државјани во странство имаат право на услуги согласно приниципите на еднаквост, непристрасност, ефикасност и правичност. Исто така, државјаните на државите членки на Европска унија имаат право на услуги и помош од Конзуларното одделение во Словенечката амбасада под услови кои важат за словенечките државјани.
1. Услуги на кои има право секој словенечки државјанин:
Конзуларното одделение им нуди заштита на сите словенечки државјани во случај на:
- Ограничување или одземање на нивната лична слобода;
- Кршење на основните државјански права.
Во надлежност на Конзуларното одделение спаѓа и згрижување во случај на смрт, сообраќајна незгода или тешка болест, притвор или затвор, помош на жртвите на насилство, општа помош при повраток во татковината на словенечките државјани во невоља.
Конзуларното одделение може да им помага на словенечките државјани во случај на:
- барање на членовите од семејството;
- предмети во врска со наследство започнати во странство;
- испраќање на посмртните остатоци во Словенија.
Конзуларното одделение може да им помага на словенечките државјани кога им е потребна одредена административна услуга. Некои од тие услуги се бесплатни, додека некои од нив се наплаќаат (гледај табела - ценовник на конзуларни услуги). (link)
2. Услуги на кои има право секој словенечки државјанин со живеалиште на територијата за којашто е надлежно конзуларното одделение: Конзуларното одделение е овластено за извршување на услуги од следните области:
- Посредување при издавањето на документите од официјални евиденции (матичен регистар, регистар на жители...)
- Посредување при издавање на пасош;
- Прашања во врска со државјанство и посредување на барањата;
- Заврека на документи;
- Царински потврди кои се однесуваат на враќање во Словенија;
- Гласање на избори и референдуми;
3. Услуги на кои имаат право словенечки државјани кои немаат постојано живеалиште на територијата за којашто е надлежно конзуларното одделение:
Конзуларното одделение им помага на словенечките државјани кои привремено се наоѓаат на територијата за која е надлежно Кознуларното одделение во случај на лична потреба:
- Ги заштитува нивните права;
- Им дава корисни информации и броеви на телефони (лекари, болници, адвокати, преведувачи);
- Издава пасоши за враќање во Република Словенија во случај пасошот да е изгубен или украден.
За издавање на пасош како во горниот пример (украден или изгубен пасош), мора словенечкиот државјанин претходно да го направи следното: - да пријави губење одн. кражба на пасошот кај локалната полиција;
- во Конзуларното одделение мора да достави потврда од пријавата и 2 фотографии формат за пасош.
- да ги донесе сите можни докази врз основа на коишто може да се одреди идентитетот
За издавање на нов или замена на стар пасош мора словенечкиот државјанин да ги достави следните документи: • 2 фотографии формат за пасош; • личен документ со слика • доказ за словенечко државјанство • такса (гледај табела - ценовник на конзуларни услуги)
4. Конзуларното одделение не може (помеѓу другото) да:
• издава лични карти, возачки дозволи или други документи освен пасош; • влијае на локалното судство во името на словенечките државјани; • непосредно да ги покрива трошоците за лекување или пренесување на посмртните остатоци на словенечките државјани во Словенија, а кои починале на територијата за којашто е надлежно Конзуларното одделение; • ги дава на располагање своите структури за приватни потреби на словенечките државјани (телефонски повици, резервации на хотели, менување на валута, преведувачки услуги и сл.). • барате да ве третираат како словенечки државјанин ако имате и македонско или србско државјанство
5. Матична служба
Конзуларното одделение во Амбасадата може дава следни услуги од таа област:
• да прими извод од матична книга на родени, венчани или умрени за нивно внесување во надлежните евиденции во Словенија; • да прима локани пресуди (разводи, посвојувања) и да ги посредува до надлежните органи во Словенија; • да примa барањa за промена на личното име; • да прими барање за промена на презимето после развод; • да примa барања за издавање на извод и потврда од матичниот регистар на Република Словенија и матичните книги.
Državljanstvo – informacije samo v slovenščini (PDF, 133k)!
6. Гласачко право
1. За што се гласа? Словенечките државјани имаат право да гласаат на изборите за престедател на република, државно собрание, европски парламент и државни референдуми. 2. Кој има право да гласа? Право да гласа имаат сите словенечки државјани со постојано живеалиште во странство со наполенти 18 години коишто се запишани во избирачките списоци. Со цел да се ажурираат податоците, сите избирачи мораат во рок од 30 дена задолжително да го известат конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје за секоја измена на адресата на постојаното живеалиште.
3. Како може да се гласа? Гласањето на словенечките државјани со постојано живеалиште во странство се одвива по пошта или лично на претставништвото на Република Словенија. 30 дена пред датумот на изборите, Конзуларното одделение на сите избирачи им испраќа известување за распишувањето на изборите или референдумот и барање за начин на гласање ако не сакаат да гласаат во амбасадата. 6. Cenovnik konzulatnih usluga – bez viza i dozvola za boravak (pdf, 97k) |