Барање на дозвола за привремен престој се поднесува на дипломатско-конзуларното претставништво на Република Словенија во странство или во примери кога е тоа одредено со Законот за странци во управна единица во Република Словенија. Барањето за дозвола за постојан престој се поднесува на управната единица на територијата каде што странецот престојува.
Доколку сакате да поднесете барање на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија морате претходно да се јавите на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Конзуларно одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје од 02.04.2007 ќе ги прима повиците на барателите за поднесување на барањата за визи за прв престој во Република Словенија на телефонските број 3178 730 или 3178 734 од понеделник до петок помеѓу 09.00 и 13.00 часот.
Секој странец мора кон барањето за дозвола за престој да достави докази за исполнување на следните услови: мора да има пасош со важност од најмалку 3 месеци повеќе од планираното престојување во Словенија, соодветно здравствено осигурување и обезбедени средства за егзистенција за време на престојот и потврда за неказнување од кривичната евиденција. За издавање на дозволата за привремен престој секој странец мора да исполни една од законско одредените намери за престој во Словенија. Законско одредени намери се: • вработување или работа • здружување на семејството со странец, којшто веќе има дозвола за престој во Словенија • статус на резидент за подолго време во друга држава членка на ЕУ • студирање, усовршување, специјализација или стручно оспособување однос практично оспособување, учество во програми за размена на доброволци или други програми, коишто не се дел од формалниот систем на образование • други аргументирани причини согласно законот, меѓународните акти или меѓународните принципи
Дозвола за постојан престој може да му се издаде на странец којшто 5 години непрекинато престојува во Словенија врз основа на дозвола за привремен престој и којшто ги исполнува другите услови одредени со закон.
Ве известуваме дека таксата за дозвола за престој, доколку се поднесе во Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија (таксата изнесува 80 ЕУР) и исклучиво се плаќа при предавањето на шалтерот на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Не се дозволени било какви дополнителни плаќања за посредување при одредувањето на побрз термин за предавање на барањата на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје или плаќања за ветувања дека дозволата или визата ќе биде издадена. Имено, забележани се примери, кога поединци во непосредната околина на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје и разни агенции ја користат неукоста на барателите и во замена за надокнада им ветуваат посредување при одредувањето на побрз термин за предавање на барањето за престој или дури им ветуваат издавање на дозвола.
Барањето за издавање на виза и целата потребна документација се предава ЛИЧНО на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Доколку барањето за виза не е комплетно (за тоа странките добиваат писмено известување) барателот може да го дополни барањето секој нареден работен ден помеѓу 12.00 и 13. 00 часот.
Дозволата за престој се издава по завршената постапка во Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Задолжително е лично врачување. За малолетни деца дозволата му се врачува на неговиот законскиот застапник.
Информации во врска со статусот на дозволите за престој, можете да ги добиете преку телефонските бореви 00389 2 3178 730, 00389 2 3178 734, секој работен ден, од понеделник до петок, од 09.00 до 13.00 часот.
Доколку управната единица преку Амбасадата на Република Словенија во Скопје побара дополнување на барањето (на пр. нов доказ за здравствено осигурување, бидејќи на доставеното му истекла важноста) барателот за тоа писмено се известува, затоа е потребно на барањето да се напише точната адреса на живеење на барателот.
Информации за пристигнатите одговори во врска со дозволите за прв престој можете да ги добиете на телефонските броеви 00389 2 3178 730, 00389 2 3178 734 секој работен ден помеѓу 09.00 и 13 часот.
Сите формулари за барања за престој во Република Словенија можат да се добијат на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија бесплатно.

Документација според намената на престој во Република Словенија
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ПОРАДИ ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА (ЧЛЕН 32. ОД ЗТУЈ)
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ПОРАДИ СТУДИИ (ЧЛЕН 33 ОД ЗТУЈ)
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ПОРАДИ ИЗВРШУВАЊЕ НА СЕЗОНСКА РАБОТА И ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИ ПРЕКУ ГРАНИЦА СО УПАТЕНИ РАБОТНИЦИ (ЧЛЕН 34 ОД ЗТУЈ)
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ПОРАДИ СОЕДИНУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО (ЧЛЕН 36 ОД ЗТУЈ)
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ЗА СТРАНЦИ СО СЛОВЕНЕЧКО ПОТЕКЛО (ЧЛЕН 37 ОД ЗТУЈ)
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ПОРАДИ НАСЕЛУВАЊЕ (ЧЛЕН 39 ОД ЗТУЈ)
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ОД ДРУГИ ОСНОВАНИ ПРИЧИНИ (ЧЛЕН 40 ОД ЗТУЈ)
|