Republika Slovenija
  Iskanje  
DOMOV
KONTAKT
KAZALO STRANI
ENGLISH
Predstavništva po svetu in informacije o državah  / Evropa  / ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ  / ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЗИ  / 
Pomanjšaj pisavo
Povečaj pisavo
Natisni
Kje smo

Ministrstvo za zunanje

zadeve

Prešernova cesta 25

1001 Ljubljana

P.P. 481

Republika Slovenija

T: (01) 478 2000

F: (01) 478 2340

F: (01) 478 2341

E: info.mzz(at)gov.si

 

Dežurna služba:

T: (01) 478 2219

 

Konzularna služba

Šubičeva 10

1001 Ljubljana

T: (01) 478 2305

F: (01) 478 2316

E: konzularne-

zadeve.mzz@gov.si

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЗИ


Семејните членови на ЕУ можат да предадат барање во Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје, без претходна најава за предавање на барањето за виза, од вторник до петок, помеѓу 12.00 и 12.30 часот.

 

Барањето за издавање на виза и целата потребна документација се предава ЛИЧНО на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

 

Визата по правило се издава наредниот ден кога барањето е комплетно, освен во примери кога е потребно да се изврши дополнителна проверка.

На задолжителна дополнителна проверка подлежат сите баратели од територијата на Косово кои се иматели на УНМИК пасош како и баратели за коишто конзулот ќе процени дека треба да се изврши безбедносна и миграциона проверка.

 

Информации во врска со статусот на визата, за коишто е потребна дополнителна проверка, можете да добиете преку телефонските бореви 00389 2 3178 730, 00389 2 3178 734, секој работен ден, од понеделник до петок, од 09.00 до 13.00 часот.

 

Доколку барањето за виза не е комплетно (за тоа странките добиваат писмено известување) барателот може да го дополни барањето секој нареден работен ден помеѓу 12.00 и 13.00 часот.

 

Ве известуваме дека таксата за виза се плаќа исклучиво при поднесувањето на барањето на шалтерот на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Не се дозволени било какви дополнителни плаќања за посредување при одредувањето на побрз термин за предавање на барањата на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје или плаќања за ветувања дека дозволата или визата ќе биде издадена.  Имено, забележани се примери, кога поединци во непосредната околина на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија во Скопје и разни агенции ја користат неукоста на барателите и во замена за надокнада им ветуваат посредување при одредувањето на побрз термин за предавање на барањето за престој или дури им ветуваат издавање на дозвола.

 

Во случај визата да е одбиена, платената такса не се враќа.

Сите обрасци за предавање на барањата за визи можете да ги добиете на Конзуларното одделение во Амбасадата на Република Словенија бесплатно и преку интернет страница.

 

Барателот мора при предавањето на барањето да поднесе пополнет образец, кој што мора да одговара на целта на посетата во Република Словенија.

 

 

Документација

 

Molba za izdavawe na viza

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ВИЗА ЗА Р. СЛОВЕНИЈА

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ВИЗА ЗА Р. СЛОВЕНИЈА - ВИЗИ ЗА ЗДРУЖУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО - ТИП Д

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ СЕМЕЈНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДРЖАВЈАНИТЕ НА ЕУ И СЕМЕЈНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЛОВЕНЕЧКИТЕ ДРЖАВЈАНИ

 

 

 

Услови за влез и престој на територијата на Република Словенија

• Во рок од 3 дена по датумот на влегување треба да се пријавите во надлежната полициска станица;

• Морате да ја напуштите територијата на Словенија пред истекувањето на визата;

• Не смеете да работите без дозвола;

• Морате да престојувате на адресата којашто ви е наведена на барањето за виза;

• На граничните органи треба да им покажете, доколку побараат, се што е потребно за влез и престојување во Словенија (на пр. хотелско сместување, гарантно писмо на словенечкиот државјанин или странец со постојано живеалиште во РС)

• Да се покаже доколку тоа побараат, минимални финансиски средства за влез и престој во Словенија. Минимални финансиски средства се 70 ЕУР на ден за планиран престој односно 50% од таа сума за малолетни лица кои патуваат заедно со родителите или законскиот старател.

|  Pravna obvestila